Аријана Гранде на Олимписките игри во стилот на Одри Хепберн: Волшебниот фустан за момент „го сопре времето“

popara27 јули, 20241min00
95525_profimedia-0892677100_f

На спектакуларното отворање на Олимписките игри во Париз пристигна и Аријана Гранде, која одлично ги спои елеганцијата и францускиот „la vie en rose“ („живот во розово“), како што пренесува People.

Таа за своето појавување во Градот на светлината избра нежен фустан во стилот на 50-тите во розова боја.

Arijana Grande

Нагласена на половината и украсена со машнички, креацијата на брендот Thom Browne потсетува на фустани кои ги носи стилската икона Одри Хепберн.

Arijana Grande

Пејачката на отворањето пристигна во друштво на британската пејачка и актерка Синтија Ериво, со која глуми во мјузиклот „Wicked“.

Фотографија во таква носталгична модна визија со бели ракавици и залижана пунџа, со Ајфеловата кула во позадина, би била совршено интегрирана дури и во ерата на црно-белата фотографија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag