Ароматичен кускус: Најдобрата салата со совршен спој на различни вкусови

popara26 декември, 20241min00
109733_shutterstock-2006608412_f

Потребно е:

1 шолја кускус
1 1/4 чаши вода
1 лажичка сол
1 конзерва црвена леќа
1 конзерва слатка пченка
половина црвен кромид
половина китка свеж магдонос
1 лута пиперка

За дресинг:

1 лимета
4 – 5 лажички маслиново масло
половина лажичка ким во прав
1 чешне лук
сол
бибер

Подготовка:

Кускусот прелијте го со топла вода да набабри. Ситно исечкајте го црвениот кромид, а потоа извадете ја пченката и црвената леќа од конзервите и добро исплакнете. Потоа исечкајте ги магдоносот и лутата пиперка и измешајте ги со кускусот. Додадете црвена леќа и пченка. Посебно измешајте ги маслото, сокот од лимета, ситно сечканиот лук, кимот, биберот и солта. Прелијте ја салатата со преливот и убаво измешајте.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag