Божиќните ѕвона веќе гласно бијат, а покрај тоа што не можеме да одолееме на украсите и посебната топлина што ја носи божиќната атмосфера, па некои од нас веќе уживаат во празничните украси дома, прозорците кои ги красат улиците веќе блескаат со сијалички.
А посебен сјај имаат и оние на париските улици каде големите модни куќи ги покажаа своите верзии на божиќната бајка.
Продавницата на Шанел на авенијата Монтењ во Париз блесна со посебен празничен сјај, а нивната новогодишна елка е многу посебна и вистинска мамка за погледи. Воопшто не типично и направено од ткаенини кои потсетуваат на најпознатите дела на Шанел, изгледа навистина одлично, а неодоливата црна машна на врвот заокружува сè на таков уникатен начин.
Не заостануваат ниту излозите на модните куќи Луј Витон, Фенди и Живанши, впрочем и тие се потрудија и покажаа празнична визија која спојува луксуз и париски шик, а изгледа многу импресивно, толку многу што би сакале веднаш да се телепортирате во Париз и внимателно да разгледате се.