Сандра Булок посетила дерматолог во Беверли Хилс, а за посетата на лекар актерката избрала светла облека во комплет со папучи кои ни е незамисливо да ги носиме на +35 бидејќи имаат – крзно.
Станува збор за класичен модел на анатомските папучи Arizona од германскиот бренд Birkenstock, со две дебели ремени и рамен ѓон. Кожните мокасини се покриени со бело крзно и украсени со златна метална тока.
Крзнените папучи дефинитивно се истакнаа во модната комбинација на Сандра Булок од памучни бели панталони со малку пошироки ногавици и должина до глуждовите. Заедно со панталоните со висок струк, Сандра носеше и обична бела маичка која ја пикна во панталоните, а над неа светло беж кардиган со копчиња.
Љубителите на модата сигурно ја забележале познатата чанта за оскаровката, сламена чанта со кафени кожени рачки. Големата чанта на брендот Loewe е украсена со кожен квадрат на кој е испишано името на шпанската модна куќа и препознатливо лого со стилизирана буква L.
Актерката по телото носеше и мала кафена рамна чанта, а својот лежерен стајлинг го подигна со накит и црни очила за сонце.