Потребно е:
3 зрели банани
250 гр мелен бисквит
80 гр стопено млечно чоколадо
Подготовка:
Во длабок сад убаво изгмечете три банани, па додајте мелени бисквити и стопено чоколадо. Сè убаво измешајте додека не добиете компактна смеса од која ќе формирате малку поголеми топчиња. Оставете ја смесата да отстои околу половина час во фрижидер пред да ја обликувате. Можете да ги премачкате со стопено бело чоколадо.
Потоа, откако ќе ги формирате топчињата од банана и ќе ги наредите на плехот, стопете го белото или темното чоколадо (по потреба додадете многу малку масло за да не е густа глазурата), па украсете ги колачињата. Врз секоја ставете по едно парче банана.