Латино дивата е згодна, жешка и популарна, а речиси сите нејзини сопрузи ја изневерувале. Затоа со договорот се обидува да се заштити од емоционални разочарувања! Нејзиниот сопруг меѓу другото треба да се согласи на четири неверојатни правила. Така направи и Бен Афлек.
1. Таа мора да има постојан пристап до неговиот мобилен
Џенифер Лопез бара да може да гледа во мобилниот телефон на нејзиниот сопруг кога ќе посака. Но, ниту тоа не и помогна. Поранешниот сопруг Алекс Родригез сепак изневерувал, а за една од љубовниците Медисон Лекрој дознала гледајќи пораки токму на неговиот мобилен телефон!
2. Бара сексуални односи четири пати неделно
Неверојатно, но вистинито. Со оваа позната дама дури и се*с е предмет на договор. Велат дека сопрузите на латино дивата мора да потпишат дека ќе имаат интимни односи со неа четири пати неделно!
3. Дозволува најмногу три пијалоци
Џеј Ло не пие, не пуши и не консумира кофеин, а на Бен Афлек му дозволува да пие до три алкохолни пијалоци навечер. Сите се прашуваат дали Бен Афлек е послушен во овој поглед бидејќи се знае дека бил зависник од алкохол пред бракот со неа.
4. Мажот мора да вежба
Џенифер е позната по жешкото тело и завидната кондиција, но со години упорно вежба. Има смисла дека таа не сака да биде со маж кој ќе му порасне пивски стомак. Затоа нејзиниот сопруг мора да потпише дека редовно ќе вежба и ќе ја одржува линијата.