Без брашно, млеко и јајца: Едноставен рецепт за чоколадна торта

popara13 јануари, 20241min00
1704957174-profimedia-0833656296-750x500

Чоколадната торта е популарен десерт и омилен на многумина. Но, дали знаевте дека можете да го подготвите и без класични состојки како брашно, млеко и јајца?

Пробајте едноставен рецепт за наједноставната чоколадна торта без печење со само три состојки – чоколадо, кокосово млеко и овесна каша.

Состојки:

375 мл кокосово млеко
220 гр овесна каша
170 гр темно чоколадо

Подготовка:

Чоколадото исечкајте го на парчиња.

Загрејте го кокосовото млеко на шпорет.

Прелијте го сечканото чоколадо со кокосовото млеко и оставете го да се впие околу две минути.

Мешајте додека да се растопи чоколадото и да добиете изедначена смеса.

Во смесата додадете ја овесната каша и сè убаво измешајте.

Потоа ставете сè заедно во калап за колачи.

Оставете го колачот да се излади на собна температура, а потоа оставете го во фрижидер три до четири часа да се стегне.

Се сече на парчиња и се сервира. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag