Без грам шминка: Памела Андерсон изгледа неверојатно во модната кампања на „Проенца Шулер“

popara5 јануари, 20241min00
Screenshot_3

Американската актерка Памела Андерсон е една од најубавите жени во светот, која од неодамна почна да го негува својот природен изглед и неретко се појавува без шминка на јавни настани.

 

 

 

 

 

Сега Андерсон е новото заштитно лице на американската модна куќа „Проенца Шулер“ од Њујорк. За потребите на кампањата за пролетната колекција на брендот, 57-годишната актерка самоуверено позираше без шминка.

 

Првпат претставена на Модната недела во Њујорк, колекцијата пролет/лето на „Проенца Шулер“ ја симболизира усогласеноста на брендот, кој го афирмираше своето „разиграно разбирање на минимализмот и вештината во обликувањето на женските силуети“ – двата концепта тесно поврзани со модниот стил на Памела Андерсон.

 

На фотографиите што ги сподели модната куќа, ѕвездата се појавува во различни комбинации. Иако е стилизирана, таа одлучила да ја задржи автентичноста – Андерсон одлучила да го избегне гламурот, гордо покажувајќи го своето чисто лице.

Се разбира, не е изненадување што ѕвездата продолжува да доминира во модниот свет. Минатата година, таа стана заштитно лице на брендот „Пандора“, позирајќи без шминка со дијамантските парчиња на брендот.

 

Андерсон, исто така, беше без шминка на бројни настани, од Модната недела во Париз до модните награди во 2023 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag