Холивудскиот актер Бен Афлек (51) откри зошто изгледа налутено или строго кога го фотографираат. Афлек е познат по тоа што има строг изглед кога е фотографиран, а многумина мислат дека тој постојано е несреќен.
Бен Афлек во своето последно интервју што го даде за „Срце до срце“, хумористична емисија, имаше многу да каже за својата сопруга, латино дивата Џенифер Лопез. Афлек раскажал каков му е сега животот откако му е сопруга светската ѕвезда Џеј Ло.
Тој зборувал за својата борба да ја прифати огромната популарност на неговата сопруга.
Славатната двојка, наводно, има брачни проблеми и се шпекулира дека се разведува. Бен не зборувал за тоа, но открил дека откако бил со Џенифер и нејзиното семејство на Тајмс Сквер, ја сфатил големината на нејзината слава.
– Излеговме од автомобилот, одевме на претстава, а јас реков: „Ќе задоцниме, треба да пешачиме еден ипол блок“. Џенифер рече: „Во ред“ – се присетил Афлек на анегдотата кога сфатил колку всушност е позната неговата сопруга.
– Помислив: „О Боже“. Една жена почна да трча и да снима. Се чинеше како стотици луѓе да врескаат… – додал Афлек, пренесува британски „Мирор“.
Со нив тогаш биле сите нивни деца – Вајолет, Серафина и Семјуел, кои Афлек ги има со поранешната сопруга Џенифер Гарнер, како и близнаците Макс и Ема, кои Лопез ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони. Иако и тој самиот е светска ѕвезда, Афлек не сака толкаво внимание од јавноста.
– Јас сум малку срамежлив. Не сакам многу внимание. Мојата срамежливост е причината поради која луѓето ме гледаат и мислат: „Зошто овој човек е секогаш налутен?“. Затоа што некој ми ја вперил камерата в лице, а јас тоа треба да ги прифатам – објаснил Афлек кој неодамна беше критикуван поради тоа што секогаш изгледа налутено и мрзоволно на фотографиите.
Тој додал дека прашањето се интензивира кога го фотографираат со неговите деца.
– Всушност, она што би сакал да го направам е многу полошо отколку само да те гледам вака. Немам ништо против, можете да ме фотографирате во клуб или на премиера, со мојата сопруга, не ми е гајле… Но со децата, тоа е друга работа – објаснил Афлек.