Бен Афлек ѝ го приреди на Џеј Ло најлошото сценарио: Поради тоа што ѝ го направи, нивната пропаст на бракот е јасна како ден

popara24 јули, 20241min00
Screenshot_4

Џенифер Лопез го прослави својот 55-ти роденден во Хемптонс, а од нејзиниот сопруг Бен Афлек немало ни трага ни глас. Роденденот на пејачката е во среда, но таа ја организирала забавата за време на викендот.

 

 

 

 

 

На прославата на пејачката имало бројни гости, а ако може да се суди според фотографиите, станувало збор за тематска прослава во стилот на хит серијата „Bridgerton“ на „Netflix“. Така, сè било во знакот на кочии, цвеќиња, елегантни фустани, пуф ракави, тијари, високи ракавици… Меѓу гостите биле и членовите на семејството на Џенифер, нејзината мајка Гвадалупе Родригез, како и Сара Џесика Паркер.

 

Бен и Џенифер не се видени заедно од 5-ти јуни, а Бен последен пат беше виден во петокот во Калифорнија, каде што престојувал со своите деца. Но, извори открија за „Daily Mail“ дека Лопез се обидува да го спаси бракот и дека разделбата само дополнително ја зајакнала нивната љубов и решителност да не се откажуваат.

 

„Таа не би поминувала време со неговите деца и би се однесувала како мајка кон нив ако не се обидува да ги поправи работите со него или ако тие не се на вистинскиот пат“, рекол изворот, додавајќи дека децата на Афлек и Лопез прават сè за да им помогнат да го обноват својот брак.

 

Тие наводно сакаат повторно да се соберат пред поп-ѕвездата да го прослави својот 55-ти роденден на 24-ти јули.

 

„Децата мислат дека Џенифер и Бен се навистина длабоко заљубени, како сродни души и не сакаат да се разведат. Сакаат да ги решат работите, во добро и во зло, како што гласеа нивните завети, и навистина чувствуваат дека треба да продолжат со терапија и разговор, дури и ако тоа боли. Тие чувствуваат дека може да има повеќе мир ако ги направат и кажат вистинските работи“, вели изворот.

 

Парот неодамна ја стави на продажба својата семејна куќа вредна 60 милиони долари, а беа разделени и на нивната втора годишнина од брак.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma