Бидете внимателни и не претерувајте со количината: Намирници кои предизвикуваат дехидрација на организмот!

popara19 февруари, 20241min00
Hrana

Неопходно е вашето тело да содржи доволно количество течност, со цел организмот да функционира правилно.

Недостатокот на течност може да предизвика бројни нарушувања во телото, како што се гастритис, металоиди, артритис, главоболки и други.

Исто така, дехидрацијата може да остави траги на вашата кожа и усни. Нема потреба премногу да се зборува за чувството на постојана жед.

Дехидрацијата прави да се чувствувате и уморни, поспани и раздразливи. Истражувањето го покажа шокантниот факт, дека дури еден процент од луѓето страдаат од хронична дехидрација, односно не внесуваат доволно вода.

Препорачаната количина е од 8 до 10 чаши дневно.

Покрај пиењето доволно вода, важно е да се земе предвид и што јадете.

Веројатно ви е познато дека чувствувате жед по конзумирањето на некоја храна, особено откако ќе изедете нешто солено. Натриумот, како составен дел на солта, е една од супстанците кои го сушат организмот.

Покрај солта, следните намирници исто така може да доведат до дехидрација:

Енергетски пијалоци
За да го повратат нивото на сол во организмот по тренинг, луѓето кои редовно се грижат за својата физичка активност, често пијат енергетски пијалоци по вежбање во теретана. Натриумот е составен дел од овие пијалоци, а како подобра алтернатива се препорачува вода со лимон.

Кофеин
Лошата вест за сите љубители на кафе е дека кофеинот може да доведе и до дехидрација. Затоа се препорачува да земете чаша вода заедно со шољата кафе, но и генерално да испиете уште неколку чаши вода, додека со кафето не треба да претерувате.

Соја сос
Во ова богатство на кинеската кујна се наоѓа и голема количина на натриум, па затоа не треба да претерувате со соја сосот.

Тесто од цели зрна
Иако храната направена од цели зрна е многу препорачлива, таа во голема мера го намалува нивото на водата во телото бидејќи содржи влакна кои брзо ја апсорбираат водата.

Тестото и храната од цели зрна исто така содржат натриум. Поголеми количини може да предизвикаат многу силно чувство на жед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag