Бијонсе ќе настапува на божиќниот натпревар на НФЛ – и можеме да го гледаме на Нетфликс

popara19 ноември, 20241min00
Beyonce to headline halftime during NFL Christmas game

Поп-ѕвездата Бијонсе ќе пее на полувремето од НФЛ натпревар на Божиќ, објави Нетфликс, кој ќе ја пренесува играта.

Пејачката ќе настапи дома, во родниот Хјустон, на натпреварот помеѓу Тексас и Балтимор Равенс. Таа за првпат во живо треба да ги испее песните од нејзиниот последен албум „Cowboy Carter“, кој доживеа огромен успех во САД.

Иако се уште не се познати деталите за нејзиниот настап, се очекува Бијонсе веројатно да има познати гости, а на албумот се појавија Мајли Сајрус, кантри ѕвездите Доли Партон и Вили Нелсон и Пост Малоун.

Нетфликс ќе го стримува и вториот натпревар од НФЛ закажан за Божиќ, на 25 декември, помеѓу Канзас Сити Чифс и Питсбург Стилерс.

Ова ќе биде прв пат платформата да емитува американски фудбал, откако во петокот го емитуваше својот прв спортски настан. Стануваше збор за боксерски меч меѓу поранешниот професионалец Мајк Тајсон и Јутјуберот Џејк Пол за време на кој Нетфликс наиде на технички проблеми.

Ова не е прво појавување на Бијонсе во НФЛ, во 2013 година таа настапи на шоуто на полувремето на Супер Боул во Њу Орлеанс.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag