Американската актерка покажа дел од спалната соба, како и стилот во кој таа и нејзиниот сопруг го украсиле домот кој го делат со четирите деца.Иако актерката Блејк Лајвли вообичаено не објавува премногу фотографии од својот дом, таа на својот Инстаграм профил покажа дел од станот што го дели со Рајан Рејнолдс и нивните четири деца. Убавата 36-годишна актерка објави неколку приватни фотографии како навраќање на 2023 година, а на една од нив можеме да видиме дел од луксузниот дом.
На првата фотографија што ја објави Блејк таа стои во спална соба која е претежно уредена во рустикален стил, додека во позадина се гледа пространа бања и долг ходник. Актерката всушност се наврати на денот кога носеше светкав златен комбинезон на ревијата на Michael Kors во Њујорк на почетокот на септември.
View this post on Instagram
Таа открива дека во домот имаат златни детали. Лево од фотографијата на која позира е кревет со зелена кадифена рамка, додека до него е поставена ноќно ормарче. Над креветот виси слика во златна рамка, како и златни и бели ѕидни светилки. На таванот има лустер во боја на шампањ кој изгледа како цвет, а на дрвениот под има светло зелен тепих.Бањата зад неа има стар влез од дрво со прозорци горе во темно кафеава рамка од која ѕирка мермерна бања. Зад Блејк можете да видите и долг коридор со прозорец,има слики на речиси секој ѕид од собата.
Иако на фотографијата се гледаше само дел од нивната куќа, таа им откри многу на најголемите обожаватели на актерката и нејзиното семејство, кои веднаш почнаа да шпекулираат за куќата во која се фотографирала актерката. Сепак, не е познато во кој дом била. Тоа може да биде станот во Менхетен каде Лајвли често престојува или голем имот во Паунд Риџ, Њујорк што таа и Рејнолдс го купија во 2012 година за околу пет милиони долари. Блејк и Рајан имаат четири деца: осумгодишната ќерка Џејмс, 6-годишната Инез и 3-годишната Бети, како и деветмесечно дете чие име и пол сè уште не ги објавиле.