Блејк Лајвли беше гостин на 13-тото издание на гламурозната гала вечера Art+Film, која традиционално ја организира Музејот на модерна уметност во Лос Анџелес (LACMA). Настанот, организиран со поддршка на италијанската модна куќа Гучи, собра бројни имиња од светот на уметноста, модата, филмската и забавната индустрија, се со цел да се соберат средства за работата на Музејот на модерна уметност.
Блејк Лајвли беше една од ѕвездите кои привлече најголемо внимание со своето модно издание, а актерката изгледаше спектакуларно во креација потпишана од австралиската дизајнерка Тамара Ралф, поранешна креативна директорка и ко-основач на модната куќа Ralph & Russo.
Блејк носеше мини фустан инспириран од оклоп од модната колекција есен/зима 2023/24 година украсен со розово злато, розови и топаз кристали. Мини фустанот покрива мала површина од телото, а Блејк со него носеше долга портокалова наметка, која му даде доза на драма и гламур на изданието.
Познатата убавица го заокружи својот стајлинг за 13-тото издание на гала вечерата Art+Film со розови потпетици на дизајнерот Christian Louboutin, сандали со вкрстени прерамки украсени со кристали и накит од американската дизајнерка Лорејн Шварц.