На премиерата на нејзиниот нов филм, убавата актерка Блејк Лајвли блесна во фустан на Бритни Спирс од 2002 година.
Актерката Блејк Лајвли присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм „It Ends With Us“ во Њујорк и за таа прилика го облече познатиот фустан „Версаче“ на поп ѕвездата Бритни Спирс од 2002 година.
Таа на премиерата на филмот блесна во добро познатиот фустан „Версаче“ и не криеше колку е среќна.
Блејк беше воодушевена што облече фустан на Бритни Спирс, за кој е особено приврзана, како што и самата откри.
– Тоа е нејзиниот фустан. Треба да биде во Смитсонијан или МЕТ, но тоа зависи од мене и среќна сум поради тоа – изјави актерката за „Пипл“.