Многу жени барем еднаш го напуштиле фризерскиот салон разочарани, кога бојата на косата не им излегла онака како што ја замислувале. Но, не треба да се одлучувате за нова боја која ќе ви ја исуши косата или да трошите пари на скапи третмани.
Овие природни трикови ќе ви помогнат да се ослободите од несаканата боја и во исто време да ја негувате косата.
Витамин Ц со топла вода
Овој популарен трик го користи и Ким Кардашијан. Скршете неколку таблети витамин Ц, по можност оние од 500 милиграми, и измешајте ги со вашиот обичен шампон. Добро протресете, измијте ја косата и оставете да делува 20 минути. Потоа исплакнете темелно додека водата не стане чиста.
Оваа постапка се препорачува да се повторува два пати неделно.
Оцет со вода
Измешајте еднакви количини топла вода и алкохолен оцет. Нанесете на косата и оставете да делува десет минути. После тоа, исплакнете темелно, внимавајќи да не дојде во допир со очите.
Домашна маска со јаболков оцет
Измешајте четири лажици јаболков оцет и топла вода во сад. Добро измешајте и нанесете на косата. Масирајте и покријте ја косата со капа за туширање или пластична кеса и оставете ја да делува неколку минути. Потоа исплакнете темелно.
Шампон против првут со сода бикарбона
Изберете квалитетен шампон против првут кој содржи селен сулфид, а потоа додадете сода бикарбона. Измешајте еднакви количини шампон и сода и нанесете на косата. Оставете го да делува пет минути, а потоа исплакнете темелно.
Мед и цимет
Медот е добро познато природно средство за осветлување на косата, а во комбинација со цимет дава одлични резултати. Измешајте мелен цимет со иста количина мед за да направите паста. Нанесете на косата и оставете да делува два часа, а потоа добро исплакнете и задолжително нанесете регенератор, пишува The Glam House.