Боја која ќе го разубави секој дом оваа есен: Ја разбива монотонијата и ги истакнува сите ќошиња

popara7 септември, 20248min00
65013

Црвената боја стана водечки тренд во 2024 година. Без разлика дали се работи за бордо нијанси или интензивна доматна боја, црвената е присутна на модните писти оваа сезона. Но, црвената боја не привлекува внимание само во модата – црвените детали се и клучни елементи во дизајнот на ентериерот, давајќи му на просторот посебен шарм и живост. Како? Ова ја објаснува „Unexpected Red Theory“, која стана хит на TikTok и Instagram. Оваа теорија, развиена од дизајнерот на ентериер Тејлор Миглија Сајмон, покажува дека додавањето црвен елемент на просторот, без разлика дали е голем или мал, автоматски го подобрува неговиот изглед, дури и ако на почетокот изгледа дека не одговара на остатокот од декорот. Според неа, црвената може да функционира дури и како неутрална боја во дизајнот на ентериерот.

@intayriors

UNEXPECTED RED THEORY #unexpectedredtheory #greenscreen

♬ original sound – Taylor Simon

Како да ја примените теоријата во вашиот дом

Овој тренд е исклучително лесен за примена. Дури и мали црвени детали како свеќници, перничиња, вазни или огледала можат значително да влијаат на изгледот на просторијата. Ако се чувствувате храбри, можете да се одлучите и за црвен мебел, како што се столици, табуретки или масички за кафе. Се препорачува да се фокусирате на едно клучно парче наместо на многу мали детали. Исто така, важно е внимателно да ја изберете локацијата за црвениот елемент бидејќи тој сигурно ќе привлече внимание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Decorilla (@decorilla)

Доколку сакате да го испробате овој тренд, можете да се одлучите за посуптилни нијанси на црвено како бордо, теракота или махагони и да ги комбинирате со понеутрални тонови. Црвената добро оди, особено во комбинација со кафени нијанси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Folie Chambre (@folie_chambre)

Црвената боја носи модерна свежина

Трендот станува уште поинтересен кога црвената боја ќе се вклопи во ентериери кои на прв поглед не се согласуваат со оваа боја. Овој „стилски напад“ носи освежувачка промена! Романтично или класично уредените соби добиваат модерен шмек што го прави просторот поинтересен. Кога црвената се комбинира со пастелни тонови, ја „разбива“ монотонијата и овозможува да се истакнат другите бои. Црвената служи и како врска во поинтензивните бои и максималистичките ентериери, речиси како неутрална боја!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag