Бред Пит пристигна на филмскиот фестивал во Венеција придружуван од неговата 26-годишна девојка Иден де Рамон.
Актерот (60), кој премиерно ќе го прикаже неговиот и новиот филм на Џорџ Клуни „Волци“ на годишниот настан, го привлече вниманието во светло жолти карирани панталони, пишува „Дејли Мејл“.
Бред избра зелени панталони со пепито дезен и бела, лежерна кошула, додека Рамон е видена во долго, крем здолниште, едноставна маица и потпетици.
https://x.com/MailOnline/status/1829905487665528881?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1829905487665528881%7Ctwgr%5E0b635cc9b27c872f7836df2d13c0db2ca3266865%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-bred-pit-pristigna-na-filmskiot-festival-vo-venecija-so-26-godini-pomladata-devojka%2F
Инес де Рамон е 26 години помлада од Пит.
Двојката се шеташе по пристаништето пред да влезат во такси на вода, каде Пит заштитнички ја прегрна својата девојка.
Во текот на претходните денови на фестивалот, сите очи беа вперени во неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, која се појави на премиерата на филмот „Марија“ во кој ја глумеше легендарната Марија Калас.