Актерот Бред Пит (60) и дизајнерката на накит Инес де Рамон (34) се вљубени од средината на 2022 година, а се чини дека сега ја подигнале врската на повисоко ниво.
Извор близок до парот открил дека парот живее заедно и дека Инес наводно се вселила во замокот на актерот, пренесува People.
– Тоа е сосема неодамна. Тие се многу среќни, а таа е посреќна од кога било – рекол изворот и додал дека Инес сепак го чувала станот. Многу обожаватели веруваат дека ова е голем чекор за Бред, бидејќи врската со Инес е првата вистинска врска на актерот по разводот.
На почетокот својата љубов ја држеа подалеку од очите на јавноста, а во последно време се почесто се гледаат како излегуваат заедно. И додека едни им честитаат на новиот чекор, други веруваат дека само заедничкиот живот ќе ја открие вистинската природа на нивната врска.
Покрај тоа, многу обожаватели се загрижени поради фактот што актерот не се одлучил на најсериозниот чекор – средба со децата. Додека едни тврдат дека причината за тоа е бавниот тек на врската, други сметаат дека вистинската вистина лежи во тоа што тој всушност нема никаков контакт со нив.
Да потсетиме, тој има три биолошки деца со актерката Анџелина Џоли – ќерката Шајло и близнаците Нокс и Вивиен, а таа претходно ги посвои Пакс, Медокс и Захара, кои Бред ги прифати како свои.
Меѓутоа, кога тие поднесоа барање за развод на крајот на 2016 година, актерот беше обвинет за злоупотреба на деца. Конкретно се зборуваше за неговото сурово однесување кон неговите најстари, посвоени синови, со кои долго време не разговарал.