БРЗА ЧОКОЛАДНА ТОРТА! Потребни ви се само 3 состојки, а вкусот ќе ве распамети! (РЕЦЕПТ)

popara22 мај, 20241min00
Screenshot_3

Направете брза чоколадна торта од само три состојки

 

 

Потребни состојки:

 

  • 175 г темно чоколадо
  • 7 јајца
  • 140 г путер

 

 

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 130 степени. Подгответе го калапот за тортата премачкувајќи го со путер и обложувајќи го со хартија за печење. Чоколадото искршете го на коцки и стопете го на пареа. Пред сосема да се стопи, додајте го и путерот, претходно исечен на коцки. Мешајте додека сосема не се растопи.

 

  1. Одвојте ги жолчките од белките и во еден сад изматете ги жолчките додека не добиете мазна пена. Потоа во нив додадете ја смесата од чоколадо и путер и нежно промешајте. Во друг сад направете шлаг од белките и лажица по лажица додавајте го во претходно подготвената смеса, нежно мешајќи додека не стане хомогена.

 

  1. Смесата излијте ја во претходно подготвениот калап за печење и покријте ја со фолија. Калапот ставете го во поголем сад за печење и него наполнете го со топла вода за да дојде до половина калап.

 

  1. Печете 25 минути. Средината на тортата ќе биде мека, а површина крцкава. По печењето, оставете ја тортата да се олади на собна температура и посипете ја со шеќер во прав. Исечете ја со топол нож и послужете ја со малку матена слатка павлака и со неколку свежи јагоди или малини.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag