Отстранувањето на шминката е секојдневна рутина за жените, но бара и скапи средства за вадење шминка и мицеларна вода.
Органски отстранувач на шминка можете да направите сами дома и на тој начин да избегнете парабени, формалдехиди и други опасни по здравјето состојки кои се наоѓаат во козметичките производи.
Состојки:
- округли памукчиња
200 мл чај од камилица
1 лажичка бадемово масло
1 ml органски бебешки шампон
Подготовка:
Сварете чај од камилица и оставете да се излади. Во него додадете бадемово масло. Ставете ги памукчињата во тегла, прелијте ги со смесата од камилица и бадемово масло.
Памукчињата мора целосно да ја апсорбираат смесата. Затворете го садот и користете го навечер за да ја отстраните шминката. Доколку сакате појак производ, во смесата додадете една лажичка органски бебешки шампон.
Покрај правилната нега, за здрава и убава кожа многу е важно да јадете разновидна храна, да пиете доволно вода и да спиете најмалку седум часа. Секако, избегнувајте пушење, алкохол и шеќер.