Бјанка Ценсори наполнила 29 години и за таа прилика славела во Лас Вегас, гола и боса заедно со Канје Вест.
Првиот поглед кон сопругата на Канје Вест, Бјанка, доведува до неверување, а потоа и до шок. Дали е можно некој да облече толку мал горен дел и така да прошета во јавноста? А потоа, зошто оваа жена е боса?
Бјанка го прославила својот 29 роденден, а облекла црно, минијатурно бикини додека во долниот дел носела беж здолниште.
Држејќи го Канје за рака, насмеани и задоволни се провлекувале низ толпата луѓе, погледите секако дека биле насочени кон неа.
„Оваа година нема панталони“, навел Канје во претходна објава во која најавил како неговата сопруга ќе се облекува во 2024 година.
Која е Бјанка Ценсори?
За Бјанка не се знаат многу информации освен дека е родена во Мелбурн и дека магистрирала архитектура. Нејзините социјални мрежи „исчезнале“, а датумот на раѓање никој не го наведува со сигурност. Но, сега се знае дека наполнила 29 години.
Нејзиниот профил на „LinkedIn“ повеќе го нема така што ниту за образованието ниту кариерата нема извори, но странските медиуми пишуваат дека таа една година работела како дизајнерски консултант.
Откако магистрирала некаде во периодот 2019/2020 година, од Австралија се преселила во Лос Анџелес каде била една од трите архитектки кои Канје ги вработил на својот проект „YEEZY HOME“ којшто се однесува на куполи кои прво ги изградиле во неговиот имот во Калифорнија, а подоцна и на ранчот во Вајоминг.