Се чини дека со текот на времето подлегнавме на верувањето дека страста исчезнува во бракот и дека сме осудени да живееме како цимери.
Меѓутоа, ако навистина е така, зошто дури 74 проценти од браковите во кои не се практикуваат односите во спалната соба, завршуваат со развод?
Експертот за врски, кој се нарекува „Дмитриј“ на социјалната платформа, сподели неколку совети како да го спречите тоа да се случи.
1. Комуникација
Без комуникација, нема врска, ниту физичка, ниту емотивна.
Треба да поминуваме најмалку 15 часа неделно во интеракција со нашиот партнер за да се чувствуваме поврзани.
2. Почит
Интимниот чин започнува во умот, и не, тоа не е само за жените.
Ако не го почитувате партнерот, нема да можете да се возбудите.
Либидото се состои од три дела: биолошки (хормони и хемикалии во мозокот), психолошки (карактер, емоции, искуства) и социолошки (влијание на општеството, културата и медиумите).
3. Содржина за возрасни
Дури 40 до 70 отсто од мажите гледаат содржини за возрасни, од неколку пати неделно до неколку пати месечно.
Тоа влијае на перцепцијата на интимноста и ја намалува желбата за партнер, бидејќи ничија сопруга не изгледа како „актерка“ (фала Богу!).
4. Честота
Општо познато е дека на мажите им е потребна почеста физичка пристапност кога зборуваме за врски, и нормално е дека партнерката и вие не одговараат на вашите желби.
Затоа се враќаме на првото нешто – комуникацијата.
Комуницирајте и најдете компромис.