Вака се однесува мажот кој не ја сака својата жена: Најпознатиот психолог ги открива знаците кои јасно кажуваат дека е време за развод

popara10 декември, 20241min00
Screenshot_5

Губењето на страстите е појава која често се случува кај паровите кои се долго во врска или брак. Тогаш бројот на интимни односи значително се намалува, а причините можат да бидат различни.

 

 

 

 

Сепак, како точно изгледа кога љубовта се гаси?

 

Рускиот филозоф, автор и психолог Ана Кирјанова која своите трудови ги споделува во авторската емисија на руска телевизија, ја открива вистината од гледна точка на мажите.

 

Таа опишала како изгледа маж којшто повеќе не ја сака својата сопруга, а жените ширум светот биле едногласни во тврдењата на Ана.

 

– Не те сака доколку не те прегрнува спонтано, не разговара со тебе за ситници, не те прашува како си среде работен ден.

 

– Не те сака доколку не можеш да сметаш на негова помош, кога мора да се грижиш за него како да е дете, а не возрасен маж.

 

– Не те сака кога те исмејува, кога не те забележува тебе ниту твојот труд и работа, кога ти вели дека јадеш многу или дека не може да ја јаде твојата храна зошто не е онаква на каква што тој навикнал.

 

– Не те сака кога постојано ти се меша во тоа што го правиш, своите одлуки ги подметнува како твои, кога ти вели дека зборуваш глупости, дека не размислуваш со своја глава, дека си глупава доколку мислиш така.

 

– Не те сака кога ти вели дека си ти виновна, кога ништо што ти ќе направиш или кажеш не му одговара.

 

– Не те сака доколку секое „те сакам“ мора да го побараш од него.

 

– Жена која не го сака својот сопруг со текот на времето станува невешта затоа што тоа може да го направи само недостатокот на љубов.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag