Ваков капут мора да имате: Жолтиот дизајн е сон за оваа сезона, ѝ прилега на секоја фигура

popara6 ноември, 20241min00
105223_profimedia-0929566051_f

Понекогаш се прашуваме: „Како го прават тоа славните? Како изгледаат толку добро дури и кога не се на работа?“ Одговорот станува очигледен кога ќе ја погледнеме Кејти Холмс.

Актерката за време на викендот прошета низ Њујорк во најубавото можно издание.

Најпрво го забележавме нејзиното долго палто и прекрасните рустикални бои кои беспрекорно ги усогласи со есенските тонови околу неа.

Кога подобро ќе погледнете, ќе видите и самите дека под овој капут има неколку основни парчиња: црни хеланки и бела маичка. Носела и голема чанта (која ја носела во повеќе наврати) и чизми, сите во сезонски бои.

Со други зборови, палтото беше клучното парче што го врзуваше целиот аутфит, пренесува People.

Потсетуваме дека актерката неодамна го прогласи почетокот на сезоната на носење џемпер со класичен модел кој веќе го има облечено. Таа прошета по улиците на Њујорк во пријатен сив џемпер со принт на горниот дел. Џемперот го носеше со светло сини фармерки, кожна чанта, кафеав ремен и кожени балетанки.

На Холмс не ѝ е прв пат да носи ваков тип на џемпер; таа го носеше во 2022 година. Нејзините стапки во овој домен ги следеа и други познати личности.

Kejti

Џенифер Лопез пред неколку години носеше верзија на овој џемпер од Ралф Лорен во Њујорк, а Кејт Мидлтон ги објави плановите за кралски одмор во 2023 година облечена во џемпер со ролка.

Овие џемпери се суштински дел од модерната есенска гардероба. Носете ги со широки фармерки како Холмс, мини здолниште или хулахопки, сомотски панталони, па дури и преку фустан.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag