ВАРЕНОТО ВИНО никогаш не било послатко (РЕЦЕПТ)

popara8 јануари, 20241min00
Screenshot_2

Еден од начините  да се згрееме во студените зимски денови е чаша варено вино. Доколку сакате слатки и топли напитоци, вино и овошје, тогаш ова за вас ќе биде вистинско уживање. Подготовката нема да ви одземе многу време, а уживањето е загарантирано.

 

 

 

Топлите напитоци се нешто што се препорачува кога ќе дојде сезоната на вируси и настинки. Еднаш неделно подгответе добро варено вино и на добар пат сте да ја спречите борбата со течењето на носот, кашлањето и болките во грлото.

 

Состојки:

 

  • 5 дл. полусуво црно вино
  • 2,5 дл. вода
  • 3 лажички шеќер
  • ½ лажиче каранфилче
  • малку цимет
  • неколку резанки портокал

 

Подготовка:

 

Две лажички шеќер се топат на тивок оган. Кога ќе пожолти се прелева со водата, зголемете ја температурата на ринглата и оставете водата да зоврие.

 

Потоа додадете уште една лажичка шеќер, добро промешајте за сето тоа да се соедини и додадете вино. Кога ќе почне да пени тргнете го садот од ринглата, бидејќи овој напиток не треба да зоврие.

 

Додајте цимет и каранфилче, добро измешајте и истурете во чаша од подебело стакло со рачка.

 

Вареното вино се пие додека е топло, можете да го збогатите вкусот така што во него ќе додадете резанка од портокал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag