Варено вино по рецептот на Џејми Оливер – совршено за загревање во зимските денови

popara16 ноември, 20241min00
Hot,Mulled,Wine

Вареното вино е идеален пијалок за студените зимски месеци, а неговата традиција потекнува од Северна Европа, каде што се консумира уште од средниот век.

Од Шведска, овој пијалок се проширил во Римската империја преку варварските племиња, а потоа и во нашиот регион.

Обично сезоната на варено вино започнува во ноември и трае до јануари.

Вареното вино можете да го подготвите дома, а можете да користите и бело и црвено вино. Самата подготовка е прилично едноставна, а рецептите ви дозволуваат да бидете креативни со зачините и прилагодувањата на вкусот.

Колку алкохол има варено вино?

Вареното вино не само што ќе ви го подобри расположението, туку е и здраво. Но, не заборавајте дека здравствените придобивки исчезнуваат доколку претерате со овој алкохолен пијалок.

Вареното вино содржи помеѓу 8,8 и 13,1 промили алкохол. Бидејќи телото полесно ги апсорбира топлите пијалоци, алкохолот се пренесува од желудникот во цревата, а потоа во крвта побрзо од вообичаеното.

Еден децилитар варено вино обично содржи помеѓу 80 и 100 калории.

Подгответе варено вино дома по рецепт на Џејми Оливер и уживајте во овој пијалок оваа зима.

Состојки:

– 2 шишиња Chianti или слично црвено вино
– 2 клементини
– лимон
– лимета
– 200 грама шеќер
– 6 каранфилчиња
– стапче цимет
– 3 ловорови листови
– морско оревче
– стапче ванила
– 2 ѕвездички анасон

Подготовка:

Излупете го овошјето и исечете го на коцки. Во тенџере ставете шеќер и прелијте го со малку вино.

Кога шеќерот ќе се карамелизира, додадете ја кората што ја излупивте од овошјето и сите зачини од рецептот и варете три минути со постојано мешање.

Се трга од шпорет и се додаваат два литра вино. Фрлете ги парчињата овошје и оставете сè повторно да зоврие. Изладете го виното, па процедете го и послужете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag