Вашиот дом повеќе нема да биде како сауна: Евтини трикови кои ќе ви помогнат да го разладите без клима

popara15 август, 20241min00
Screenshot_8

Премногу топлото време продолжува и во јули, а дури и оние кои имаат клима уреди во домот гледаат на некој начин што помалку да ги користат, поради поскапувањето на струјата.

 

 

 

Иако клима уредот стана задолжителен дел од сечиј животен простор, многумина се загрижени за високите сметки за електрична енергија, па не е лошо да знаете како може да го разладите станот или куќата без вклучување на клима.

 

Ако воопшто немате клима во домот, овие совети можат да ви помогнат полесно да престојувате во затворени простор во текот на жештините.

 

Вратата и прозорците нека бидат затворени

 

Прв и основен совет е што повеќе сончева светлина и топлина што се задржува во станот доаѓа од надвор, па корисно е во текот на денот прозорците и вратите да бидат затворени, со спуштени ролетни.

 

Користете вентилатор и замрзнати шишиња со вода

 

Рано наутро отворете ги прозорците за да се проветри воздухот, а потоа затворете ги и вклучете го вентилаторот, од голема корист се шишиња со замрзната вода во која ќе додадете по две до три лажички сол.

 

Замрзнете ги во текот на ноќта и ставете ги под вентилаторот. Ефектот е неверојатен, солта го снижува нивото на температурата на која се смрзнува водата.

 

Замрачете ги просториите

 

Во текот на најтоплиот дел од денот ролетните треба да бидат спуштени. Се советува на прозорците да ставите вели или светли прекривки бидејќи на тој начин се одбива светлината.

 

Исклучете ги апаратите кои не ги користите

 

Електричните апарати емитираат топлина која дополнително може да го загрее вашиот животен простор. Колку помалку електрични апарати имате во просторијата толку поладна ќе биде, како и попријатна за подолг престој.

 

Збогатете со цвеќиња

 

Собното цвеќе нема да помогне да се разлади собата, но е важно бидејќи ослободува кислород, ги отстранува непријатните мириси и воздухот го прочистува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag