Иако многумина не го гледаат исто како неа, Моника Белучи откри како режисерот Тим Бартон ја освои.
Има многу коментари за врската помеѓу актерката Моника Белучи (59) и режисерот Тим Бартон (65). Некои велат – прекрасен пар, други се прашуваат – што ќе и е тој, а има и други кои истакнуваат дека е филмски гениј и дека треба да се оди малку подалеку од површни реакции. Врската трае и ветува. Парот среќата ја најде во постарите години, а нејзиниот коментар за таа романса зборуваше многу.
„Ако сум со него, тоа е пред се затоа што ме допира неговата душа. Згора на тоа, кога ми понуди клучна улога во неговиот следен филм, веднаш се согласив затоа што покрај љубовта сакав да споделам и работно искуство со него. “,изјавила Моника Белучи за Мари Клер.
Судејќи по овие зборови, Тим Бартон ја освои Моника, па сега мажите уште повеќе ќе му завидуваат. Познатата двојка се појави на премиерата на филмот „Diabolik Chi Sei“ каде ја игра главната улога, во 2023 година во Рим. Таа година Моника ја потврди романсата за француското издание на магазинот Elle: “Што можам да кажам… Мило ми е што запознав маж, пред се. Тоа е една од оние средби што ретко се случуваат во животот… Јас го познавам човекот, го сакам, а сега ќе го запознаам како режисер, почнува уште една авантура“.
Моника глуми во неговиот нов филм „Beetlejuice 2“, а неодамна ова издание го промовираа во Лас Вегас. – Го сакам Тим. Имам голема почит кон него,изјавила за Elle“.
Моника и Тим првпат се запознале пред 17 години, но се вели дека почнале да се забавуваат по средбата на Филмскиот фестивал во Лион во октомври 2023 година.