Ако начинот на кој се ослободувате од несаканите влакна е бричење, знаете дека често е невозможно да се избегне иритација, особено онаа во пределот на поинтимните делови или ако имате почувствителна кожа.
Чешањето и печењето по бричење понекогаш не исчезнуваат ниту по обилна хидратација на кожата, а доколку сте пробале безброј различни креми за бричење, пени или обични гелови за туширање, постои уште еден козметички производ кој вреди да се проба.
Се работи за сестрано бебешко масло за кое веќе знаеме колку е добро да се користи после туширање, особено она со топла вода бидејќи ги отстранува природните заштитни масла од кожата и со тоа ја прави почувствителна.
Масното и хранливо бебешко масло, верувале или не, исто така е одличен избор за бричење бидејќи создава посилен заштитен слој и ја храни кожата веднаш и интензивно, па на TikTok можеме да видиме ентузијастички корисници кои ги споделуваат своите искуства и велат дека овој производ станал нивен спас. Како ги бричи рацете со бебешко масло покажа и тиктокерка со прекар La Šminkerica.
Само нанесете неколку капки на пределот што имате намера да го избричите, намачкајте и започнете со работа. Нема голема разлика во квалитетот на бричењето, а бидејќи е проѕирно, полесно е да се види дали сте избричиле сè темелно.
@la.sminkerica Jeste znali za ovaj hack? @dm Hrvatska #babyoilgel #shavingtips #shavingtips #ladiesoftiktok #lifehacks #fyp fyp≥°viral
Покрај тоа, хидратантните својства на маслото за бебиња ја намалуваат можноста за исеченици, испакнатини од жилет и други иритации на кожата. Маслото за бебиња е исто така многу евтино, особено во споредба со производите строго за бричење. Со него веднаш ќе имате 2 во 1: и мазна и негувана кожа.
Се разбира, сè има свои предности и недостатоци, па затоа и овде се издвојува една очигледна: маслото може да го затне сечилото на бричот и на тој начин да ја намали неговата ефикасност бидејќи е многу потешко да се измие, но со помош на брич за еднократна употреба се решава и тој проблем.