Анџелина Џоли и нејзиниот 15-годишен син Нокс овој викенд беа снимени во продавница за миленичиња.
Мајката и синот биле забележани во населбата Лос Фелиз во Лос Анџелес.
49-годишната актерка ретко се гледа во јавноста по судската битка со нејзиниот поранешен партнер Бред Пит. Во лежерното излегување со синот делуваше мистериозно, а идентитетот се обиде да го сокрие со наочари.
Заедно, Бред и Анџелина имаат биолошки деца Нокс, Вивиен и Шајло и три посвоени деца: Медокс, Пакс и Захара. Сите деца неофицијално се откажале од презимето на нивниот татко Бред Пит, додека 18-годишната Шајло решила тоа да го направи официјално, на суд. Освен Шајло, Захара и Вивиен повеќе не го носат презимето на нивниот татко, додека браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со нивниот татко.
Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја одбрани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15).
Но, се чини дека децата јасно кажуваат на чија страна се.