Се е познато за најубавите венчаници на сите времиња. На пример, една од најдобрите (и најкопираните) ја носеше Грејс Кели на нејзината венчавка со принцот Рение во 1956 година. Токму таа служеше како инспирација при изработката на венчаницата на Кетрин Мидлтон.
Дизајнерот Нарцисо Родригез е одговорен за едноставниот слип фустан со тенки рамки во кој Каролин Басет се омажи за Џон Ф. Кенеди Јуниор во 1996 година и го започна трендот на минималистички венчаници.
Тоа е само мал дел од најдобрите венчаници на познатите личности, но има и листи на најлошите. На нив секогаш се појавува екстравагантната венчаница во која се омажи Селин Дион.
Музичката дива и Рене Ангелил го кажаа судбоносното да на 17 декември 1994 година, пред 500 гости во базиликата Нотр Дам во Монтреал. Колку Канаѓаните ја обожаваат Селин докажува и фактот што нејзината венчавка можеше да се следи во живо на канадската телевизија.
За неа Мирела и Стив Џентил дизајнираа обемна венчаница изработена од француска свила и покриена со кристални апликации и бисери. Селин уште од самиот почеток знаела со каков фустан сака да се омажи.
„Сакав венчаница за принцеза, како онаа за која сонуваме во соништата, но денес ја плаќам цената на мојата желба. Морам да ви кажам дека не е лесно да се движите во неа, тешка е, но не жалам за ништо“, рече таа веднаш по венчавката.
Тежок бил и грандиозниот фасцинатор направен од 2.000 кристали Сваровски кој бил прикачен на нејзината глава. Фасцинаторот тежок 2,7 килограми го поддржа и драматичен вел долг шест метри кој го комплетираше бајковитскиот свадбен изглед на познатата пејачка.
Неговата тежина на крајот предизвика повреда поради која пејачката се најде во болница: „Кога го соблеков имав расекотина бидејќи притисокот беше премногу силен. Следниот ден се разбудив, се погледнав во огледало и видов дека имам грутка со големина на јајце во средината на моето чело и му реков на докторот дека морам да пијам антибиотици.“