Вера Ванг се соблече во градник и предизвика сензација: Сите се прашуваат како е можно така да изгледате на 74 години

popara29 мај, 20244min00
Вера Ванг

Новата летна сезона е веднаш зад аголот, а Вера Ванг ја отвора со фотографии кои никого не оставија рамнодушен. Познатата дизајнерка на венчаници уште еднаш предизвика ентузијазам со својот изглед, поради што многумина заклучија дека 74-годишната Вера Ванг воопшто не старее.

Вера Ванг ги воодушеви обожавателите во бел едноделен костим за капење кога во понеделникот на Инстаграм сподели неколку фотографии од сончевиот Хемптонс, а 74-годишната модна дизајнерка изгледаше децении помлада на фотографиите кои ги објави.

Покрај серијата од четири фотографии направени додека позира на даска за нуркање над базен облечена во бел едноделен костим за капење, кој  ја истакна нејзината блескава фигура, дизајнерката на венчаница на славните им посака на сите „среќно лето“.

На фотографиите, култната дизајнерка на венчаници носеше едноставен бел костим за капење со квадратно деколте и тенки ремчиња, а за време на фотографирањето направи неколку различни пози на даската за нуркање. Заедно со костимот за капење, таа носеше обетки од Wang кристали кои допираа до нејзините раменици и пар црни очила со големи, темни рамки, а во објавата го пофали и својот бренд Vera Wang Eyewear.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Wang (@verawang)

На фотографиите таа ги истакна затегнатите нозе и витката фигура и Miu Miu папучите покриени со кристали откривајќи класичен црвен педикир. Не им требаше долго време на нејзините фанови да го привлечат вниманието на нејзината објава, па ја осипиаа со бројни воодушевени коментари и комплименти.Модната гуру позната по својот младешки изглед досега покажа многу изгледи кои им пркосат на возраста – вклучително и смело бикини на новогодишната ноќ минатиот декември – но кога станува збор за нејзините тајни за слабеење, ѕвездата се потпира на Мекдоналдс, крофни и вотка.

„Јадам во Мекдоналдс, апсолутно“, изјави Вера Ванг за Page Six Style во октомври 2023 година. И крофните ѝ се омилени, а оваа сестрана дизајнерка која има и линија на парфеми изјавила дека сака „крофни полни со крем, прелиени со шеќер“. Се чини дека таа ужива и во фантастични работи, објавувајќи фотографии од различни вкусови на печива на својот Инстаграм – со малку кавијар, се разбира. Во 2020 година, Вера Ванг им ја откри на своите следбеници на Инстаграм тајната за нејзината младоликост, која вклучува „работа, спиење, коктел од вотка, малку сонце“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag