Доколку сè уште не сте пробале палачинки од тиква, време е да ја поправите таа грешка. Оние кои веќе ги направиле, многу добро знаат дека едноставно нема помеки и посочни палачинки од овие. Во продолжение ви пренесуваме едноставен рецепт за овој вкусен десерт кој ќе ве воодушеви со својот вкус.
Состојки:
250 гр брашно
250 гр пире од тиква
350 мл млеко
50 гр стопен путер
2 мали јајца
7 гр шеќер
половина лажичка сол
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги шеќерот, солта и брашното. Во втор прво се матат јајцата, па се додава пирето, па млекото и на крај растопениот путер. Добро измешајте ги влажните состојки и додајте ги во сувите состојки, мешајќи со жица, шпатула или процесор за храна.
Загрејте ја тавата на средна температура. Со шпатула намачкајте ја смесата во саканата количина, во зависност од тоа дали сакате помали или поголеми палачинки. Печете палачинки на загреана тава додека не ја потрошите смесата.
Исто како и класичните, палачинките од тиква може да се јадат со прелив по ваш избор, од џем или чоколаден намаз до јаворов сируп, со малку путер и јаткасти плодови.