Вештачка интелигенција направи подобар фустан за Мет Галата од сите дизајнери? Сликата од Кети Пери го докажува тоа

popara9 мај, 20244min00
miranda-ker-i-keti-peri-3-830x0

Сликите на Кети Пери од Мет Гала генерирани со вештачка интелигенција станаа вирални и собраа милиони лајкови и прегледи низ мрежата. И покрај тоа што ѕвездата го прескокна гала настанот оваа година, таа се покажа како најдобро облечена.

Иако цело време беше во музичкото студио, таа направи голема фама на интернет, убедувајќи поединци, па дури и сопствената мајка дека навистина позира на скалите на Музејот.

На една од сликите е прикажана пејачката на скалите на Музејот на уметност Метрополитен облечена во светло беж извезен фустан со 3Д цвеќиња и украси од мов. Нејзината коса допира до половината и е стилизирана во светли бранови на врвовите. Кети ево минимална шминка и светло црвени усни.

Друга ја прикажува како шумска самовила-воин, со мокра коса и бронзен корсет на кој лисјата со бели цветови продолжуваат да ги формираат нишките на здолништето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

На „Инстаграм“ пејачката се насмеа на сликите кои ги генерира вештачката интелигенција, па ги објави на својот профил со натпис: „Не можев да стигнам до МЕТ, морав да работам“. Таа, исто така, сподели скриншот од размена на текст со нејзината мајка, која верува дека нејзината ќерка навистина била на настанот.

Но, и покрај тоа што сликите се лажни, корисниците на социјалните мрежи беа убедени дека пејачката ги засени сите други ѕвезди. Тие се согласија дека ВИ изгледот на Кети Пери им е омилен на вечерта.

„Кејти Пери го има најдобриот фустан на Мет Гала досега“, „Вашата слика со вештачка интелигенција беше подобра од сите вечерашни креации“, „Всушност го објавив ова верувајќи дека е вистина. Станувате премногу добри затоа што победивте со „креација во метаверс“, „Ти не ни присуствуваше, но имаше најиконичен изглед од сите“, беа само дел од коментарите од социјалните мрежи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma