Дали и вие добивате смрзнатини стапала иако носите зимски чевли? Иако немаме многу снег, температурите сепак се сурови.
Дури и кога чевлите ви се со крзно и наводно топли, вашите стапала сè уште не можат да се загреат додека стоите и чекате јавен превоз или додека одите по снег и мраз. Но, постои начин како да ги загреете стапалата, а се што ви треба е некој предмет кој сигурно го имате дома.
Кога пиеме сок, логично е празниот тетрапак да го фрлиме во канта. Но, не правете го тоа, има одличен начин да го искористите! Овој трик Русите го практикуваат постојано во зима, а ќе ви помогне да направите „изолација“ во чевлите и чизмите и со тоа да спречите да ви замрзнат стапалата.
Прво исечете го и отворете го тетрапакот, убаво измијте го и исушете го. Потоа на него нацртајте го обликот на влошката за чевли и исечете ја. Отстранете ја влошката од чевлите или чизмите што ги носите во зима, а потоа ставете ја онаа што сте ја направиле од тетрапак со фолијата свртена нагоре. После тоа, вратете ги влошките што сте ги извадиле врз оние од тетрапакот. Оваа домашна влошка ќе ја задржи топлината и ќе спречи студот да навлезе во ѓонот и да ги лади вашите стапала во текот на зимата.