Скоро секој човек понекогаш го мачи несоница, која негативно влијае на нашето здравје и расположение. Несоницата негативно се одразува и на концентрацијата и го отежнува извршувањето на задачите во текот на денот.
Лекот можеме да го најдеме во овие билки.
Лаванда
Лавандата уште многу одамна е користена за лечење несоница, болести на нервите и лошо варење. Ставена во топла купка, таа обезбедува мирен сон. Од лавандата можете да подготвите и чај. Освен што ги опушта мускулите, таа ја намалува нервозата и вознемиреноста, таа помага и за мирен сон.
Мајчина душичка
Етеричното масло од мајчина душичка ги опушта мускулите, а цветовите и листот помагаат за добар сон. Бидејќи содржи лесно испарливи состојки, чајот од мајчина душичка треба да се подготви во поклопен сад бидејќи во спротивно, нема да има лековити својства.