Ве чеша кожата, црвена е и отечена? Проверете дали сте алергични на студ

popara31 октомври, 20241min00
Screenshot_6

Може да бидете алергични на различни работи, па дури и на ниски температури и на студ.

 

 

 

 

Ако забележите промени на кожата или други симптоми по изложување на ниски температури, можеби сте алергични на студ. Оваа состојба може да се појави ненадејно и да исчезне со текот на времето, пишува Healthline.

 

Алергија може да се појави од многу причини, па дури и од излегување надвор на ладно време, пливање или капење во ладна вода и влегување во простор што е климатизиран или чуван на ниски температури, како што е замрзнувач. Во принцип, температурата на која сте изложени мора да биде под 4 степени за да се појават симптомите.

 

 

Доколку има алергија, изложувањето на овие ниски температури предизвикува ослободување на хистамин во телото, што ги предизвикува овие симптоми.

 

Постојат начини со кои можете да ги спречите симптомите.

 

Неопасни, но сериозни симптоми вклучуваат:

 

– температура

– главоболка

– болки во зглобови

– замор

-анксиозност

 

Тешки симптоми на уртикарија кои бараат итна медицинска помош:

 

– анафилакса, која е тешка акутна алергиска реакција

– проблеми со дишењето

– отекување на јазикот и грлото

– пад на крвниот притисок

– несвестица

 

Појавата на симптомите може да варира. Може да забележите дека симптомите се појавуваат речиси веднаш (од 2 до 5 минути) по изложувањето на ниски температури. Симптомите може да исчезнат по 1 до 2 часа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag