(ВИДЕО) Генијален трик како да не ви се замрзнуваат стаклата на автомобилот

popara17 декември, 20241min00
1734384406-eddy-Tvvpk38rOw0-unsplash-750x500

За да го заобиколи проблемот со кој возачите често се среќаваат во зима, еден корисник на YouTube реши да тестира различни производи за да открие кои навистина функционираат.

Како што вели, ова е наједноставниот можен трик што можете да го направите за да не се замаглат стаклата на вашиот автомобил.

Во зима, кога температурите се спуштаат под нулата, и поради разликата во температурите надвор и внатре во возилото, стаклата на автомобилот имаат тенденција да се замаглуваат.

За да го спречи ова, овој корисник на YouTube се обидел да користи пена за бричење, бебешко масло, компири и гел за раце. Неговиот заклучок беше дека пената за бричење најдобро функционира и може да ви помогне да го решите овој проблем.