Дали сте обожаватели на филмовите за Хобит и „Господарот на прстените“, но предалеку ви е да патувате во Нов Зеланд за да го посетите познатиот Хобитон каде што се снимаше филмот? Нема потреба од очајување, бидејќи во близина на Мостар во Босна и Херцеговина се појави – Мобитон.
Малите куќички вкопани во ридовите, покривите покриени со зелена трева и карактеристичните тркалезни врати ги засакавме откако ги видовме во филмот „Господарот на прстените“. Тие се домови на хобити, мали суштества кои живеат во Средната Земја, во светот создаден во неговите книги од познатиот Џ.Р.Р. Толкин.
Нивниот најголем град се вика Хобитон, а таму живее семејството Бегинс, главните протагонисти на книгите Хобит и Господарот на прстените. Оригиналниот Хобитон се наоѓа во Нов Зеланд и привлекува туристи од целиот свет. Таму можете да се прошетате по патеките по кои чекореле актерите од популарната адаптација на Питер Џексон како Илајџа Вуд, Сер Иан Меккелен и Шон Астин. Меѓутоа, за да доживеете ваква магија, повеќе не треба да гледате во скапи прекуокеански летови.
@mobbitonmostar Oaza mira i romantike 🤩
На TikTok беше објавено видео на кое се гледа многу шармантна хобитска куќа, лоцирана над Мостар на Горанци, инспирирана од светот на хобитите и волшебниците. Големо внимание се посветува на секој детал, а секој посетител добива подарок – пиво направено по оригиналниот рецепт од филмот.
Исто така, во дворот на куќата можете да го гледате Хобитот на голем екран со свеќи и проектор.
„Сакам да живеам таму“, „Вие сте легенди за ова“ и „Леле… дали е ова можно… ова е повеќе од убаво… убаво“, се само дел од коментарите на TikTok. Куќата може да се изнајми за да можете да споделите вакво незаборавно искуство со вашата сакана личност.