(ВИДЕО) Објавен трејлерот за новиот акционен филм со Силвестер Сталоне

popara13 октомври, 20241min00
Sly Toronto International Film Festival World Premiere | Netflix

Lionsgate Movies го објави трејлерот за акциониот трилер Armor, во режија на Џастин Рут и со Силвестер Сталоне во главната улога.

Во овој филм, Сталоне се враќа во акциониот жанр и го игра главниот негативец кој планира голем грабеж.

Главните ликови на акциониот трилер се таткото и синот Џејмс (Џејсон Патрик) и Кејси (Џош Вигинс), кои работат во службата за безбедност и превезуваат пратка за која ништо не знаат.

Тие се нападнати од искусен тим на ограбувачи предводени од Сталоне, кој мисли дека ова ќе биде уште една лесна работа по сите тие што ги направија. Сепак, грабежот на оклопното возило не поминува лесно, а Џејмс и Кејси остануваат заробени додека не ја откријат вредноста на она што го превезуваат и не решат да се здружат за да ги надмудрат напаѓачите.

Во филмот играат и Деш Мичок, Џејсон Патрик, Лејни Стибинг, Ерин Оунби, Џеф Чејс и други ѕвезди. Сценариото го напишаа Кори Тод Хјуз и Адријан Спекерт.

Откако Lionsgate го објави трејлерот за филмот, тој не доби премногу добри критики. Многумина истакнаа дека веќе погодуваат како ќе заврши филмот, но дека сепак ќе го гледаат поради Силвестер Сталоне.

„Гледам дека пишува Сталоне, па ќе го гледам“, „Веќе гледам дека филмот е ѓубре, но акцијата со Сталоне не се пропушта“, „Само земете во предвид дека Сталоне има 78 години и сè уште снима вакви филмови“, „Овој човек не запира“, „Мислам дека со оглед на неговите години и сите други филмови што ги има снимено, и овој филм заслужува да се види“, се дел од коментарите на гледачите под објавениот трејлер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag