Една од најлошите работи во зима е сушењето алишта во затворен простор.
Сушењето алишта во затворен простор значи дека има дополнителна влага во воздухот, а во комбинација со вклучување на централното греење и почесто затворање на прозорците за да се задржи топлината, ова може да бидат најдобри услови за кондензација и раст на мувлата.
Мувлата во вашиот дом носи одредени здравствени ризици – особено за луѓето со респираторни проблеми како астма или за сите кои страдаат од алергии.
Сепак, трик објавен на TikTok докажува дека можеби цело време погрешно ја користевме решетката за сушење. На видеото се гледаат влажни алишта преклопени над секоја лента и се допираат еден со друг, пренесува Mirror.
@fabulosa_cleaning Who knew? 🧺 hanging your clothes on your drying racks this way maximises space & minimises lines & creasing. Simple, easy & effective. The best drying hack. P.S who spots our Laundry Perfume? Now available in Europe @action.cz @action.italia @actionosterreich @action.luxembourg @actionbelgie @action.france #cleaninghacks #cleaning #cleanwithme #hack #familylife #washing
„Престанете да закачувате алишта вака“, се вели во видеото.
Експертот за чистење потоа го демонстрираше правилниот начин да се закачи облеката на решетката.
„Закачувањето на облека на овој начин го зголемува просторот и ги намалува линиите и наборите. Едноставно, лесно и ефективно. Најдобар трик за сушење“, рече таа и додаде дека така алиштата побрзо ќе се исуши.