ВИДЕО ОД БОЛНИОТ АКТЕР СО НЕГОВАТА ЌЕРКИЧКА – би расплакало и камен! А само да слушнете што изговори девојчето

popara14 ноември, 20241min00
Screenshot_6

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг Вилис, сподели слатко приватно видео, на кое се гледа како Брус си игра со својата ќеркичка, а истото стана вирално помеѓу обожавателите кои се носталгични за присуството на ѕвездата во јавниот живот пренесува „Њузвик“.

 

 

 

Актерот на култниот филм „Умри машки“ е далеку од очите на јавноста откако неговото семејство објави во 2023 година дека му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција (ФТД). Но, Хеминг Вилис, која е мајка на ќерките Евелин (10) и Мејбел (12) кои ги има со актерот, понекогаш објавува детали од нивниот семеен живот на социјалните мрежи.

 

Последното видео објавено на Инстаграм го прикажува актерот (69) како се забавува со помалата ќеркичка носејќи ја на своите раменици. Снимена кога била помлада, Евелин се кикоти додека нејзиниот татко се преправа дека и ја грицка ногата, видеото брзо стана вирално и собра 49.499 лајкови само 22 часа по објавувањето.

 

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА.

 

Обожавателите го нарекоа „прекрасно“, но исто така рекоа дека е „срцепарателно“ да се видат старите семејни видеа од холивудската ѕвезда.

 

„Прекрасни спомени … и да го слушнеме неговиот глас, мислам дека на сите ни недостасува и тоа“, напиша еден обожавател под објавата. „Ова е убаво и во исто време срцепарателно“, додал друг.

 

Инаку на Вилис првично му беше дијагностицирано јазично нарушување афазија, но Хеминг Вилис, поранешната сопруга на ѕвездата Деми Мур и неговите ќерки подоцна споделија заедничка изјава во која се вели дека му била дијагностицирана ФТД.

 

Тие рекоа на Инстаграм: „Откако ја објавивме дијагнозата на афазија на Брус во пролетта 2022 година, состојбата на Брус напредуваше и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како ФТД)“.

 

Вилис има три ќерки со неговата поранешна сопруга Мур – Румер (36), Скаут (33) и Талула (30).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag