Оскаровката Никол Кидман се појави во друштво на својата постара ќерка Сандеј Роуз во Париз, на настан организиран од еден од најпознатите брендови за луксузни часовници Omega, чија австралиска актерка е амбасадорка со години. Мајка и ќерка пристигнаа заедно и позираа на црвениот тепих на општо задоволство на присутните фотографи.
Никол Кидман, познатата 57-годишна актерка, направи исклучок и позираше во јавноста со својата 16-годишна ќерка Сандеј Роуз Кидман – Урбан.
View this post on Instagram
Австралиската актерка за оваа пригода избра комбинација во бела боја, која се состоеше од топ со широки ракави кој стигнуваше до лактот и здолниште со висок струк.
Станува збор за комбинација со потписот на познатиот бренд Valentino, а изгледот го заокружила со slingback чевли во иста бела боја.
Сандеј Роуз, ќерката на познатата актерка од бракот со сопругот Кит Урбан, се појави во сет; костум панталони со широки ногавици кои ги покриваат чевлите и елек од истиот комплет.
View this post on Instagram
Инаку, Сандеј Роуз и Фејт, ќерките на славниот пар, не се појавуваат често на црвениот тепих. Последен пат беа видени во друштво на нивните познати родители кога Никол ја доби наградата за животно дело AFI.
Никол има посвоено и деца Бела (31) и Конор (29) со нејзиниот поранешен сопруг Том Круз.
View this post on Instagram