Повеќето овошја содржат прeкумерна количина на природен шеќер кој многу брзо се претвора во масти. Меѓутоа, постојат и одредени видови на овошје кои помагаат при согорувањето на масти и калории, а нивното секојдневно внесување може да ви помогне и при слабеењето. Еве за кои станува збор…
Авокадо
Авокадото содржи големи колични на омега 9 масни киселини кои го забрзуваат претворањето на масти во енергија и го подобруваат метаболизмот.
Лимон
Лимоното помага при детоксикација, со што се одржува здравјето на телото. Покрај тоа тој го чисти и црниот дроб и согорува голема количина на масти.
Кокос
Кокосот ја забрзува работата на метаболизмот за 30 проценти. Покрај тоа, тој одлично заситува, така што по неговото јадење тешко дека ќе посегнете по нездравите грицки.
Грејпфрут
Грејпфрутот е одлично овошје за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми.
Домат
Можеби прв пат слушате, но доматот според класификацијата спаѓа во групата на овошје. Тој е преполн со витамин ц и ликопен, го стимулира производството на аминокиселини наречени карнитини, кои ја забрзуваат способноста на организмот да согорува масти и тоа за една третина.