Експертите открија вообичаена грешка што може да објасни зошто некои луѓе привлекуваат комарци, а други не. Американски тим научници откри дека комарците ги привлекуваат одредени мириси, што сугерира дека вашиот сапун или гел за туширање може да бидат виновниците.
Научниците ја истражувале теоријата дека покрај мирисот на крв, комарците можат да ги привлечат и цветните мириси. Како пчелите, така и комарците ги посетуваат цвеќињата за нивниот сок – нектар.
Клемент Винаугер и Клои Лахондер од Политехничкиот институт во Вирџинија ја споредија привлечноста на комарците на парчиња ткаенина, носени преку измиена или неизмиена кожа, со различни сапуни. Откриле дека сапуните со цветни мириси се многу привлечни за комарците.
Спротивно на тоа, сапуните со мирис на кокос делуваа како пречка. Истражувачите забележале дека ефектот бил толку силен што дури и оние кои допирале ткаенина која била во контакт со кожата измиена со цветен сапун, станале привлечни за комарците, пишува Mirror.
Следниот чекор за истражувачите е да утврдат колку долго цветниот мирис на сапунот останува привлечен за инсектите и дали мирисот на пот наскоро ќе го совлада.
Тие сугерираат дека треба да се обрне внимание на состојките во сапунот кои ќе ги одвратат комарците: гама ноналактон (мирис на лубеница), бензалдехид (бадем) и бензил бензоат.
Експертите издадоа предупредување дека бензил бензоат може да предизвика алергии кај некои луѓе. Покрај цветните мириси, комарците силно ги привлекувал и мирисот на ананас.
Има се повеќе предупредувања за комарци во европските дестинации – вклучувајќи ги Шпанија, Италија и Франција. Освен што пренесуваат маларија, тие пренесуваат и смртоносни болести како денга, зика и жолта треска.