И покрај скршената нога и патериците, британската дизајнерка Викторија Бекам ја претстави својата нова колекција есен/зима на модната недела во Париз. Со малку експериментална и авангардна колекција поранешната “Спајсица” го одбележа новиот моден правец на својот бренд, а не ја спречија ниту активистите кои за време на ревијата се искачија на модната писта со транспаренти за правата на животните. Покрај нејзиниот сопруг и поранешен фудбалер Дејвид Бекам, од првиот ред ја поддржуваше и синот Бруклин со сопругата Никола Пелц, синот Круз и ќерката Харпер Севен, додека средниот син Ромео остана да тагува во Лондон.
Сите очи на јавноста во петокот беа вперени кон британската дизајнерка Викторија Бекам, која по трет пат во кариерата претстави колекција на престижната модна недела во Париз.
Иако 49-годишната дизајнерка и претприемачка го скрши стапалото неколку недели пред модната ревија, тоа не ја спречи да се качи на пистата со патерици и да им се заблагодари на сите што дојдоа да ја поддржат.
View this post on Instagram
По претставувањето на колекцијата, британската дизајнерка со патерици излезе на модната писта и се заблагодари на својот тим, како и на семејството кое пристигна во француската престолнина за да ја поддржи.
View this post on Instagram
Заедно со нејзиниот една година помлад сопруг Дејвид Бекам, шоуто од првиот ред го следеше нејзиниот 25-годишен син Бруклин со сопругата Никола Пелц, 19-годишниот Круз и 12-годишната ќерка Харпер Севен. .
Единствениот член на кланот Бекам кој го пропуштил овогодинешното семејно патување во Париз бил 21-годишниот Ромео, кој, според Daily Mail, останал во Лондон да се опорави по неодамнешното разделување со девојката Миа Реган.
View this post on Instagram
Сите членови на семејството беа беспрекорно облечени за оваа пригода. Најмладата Харпер тргна по стапките на мајка си во црн макси фустан кој го спои со пар бели патики, додека Круз се одлучи за ретро костум со пруги, кој го носеше преку кошула и вратоврска со прерамки во стилот на четириесеттите. .
Снаата Никола Пелц предизвика сензација во мини црвен фустан, кој го спои со мрежести хулахопки и салонки на платформа, додека Бруклин облече црна јакна преку беж маица, која ја спои со широки панталони.
View this post on Instagram
Шоуто, кое се одржа во хотелот “Salomon de Rothschild” од 19 век, недалеку од Шанзелизе, беше прекинато од активисти за правата на животните кои излегоа на модната писта со натписи „Свртете го грбот на животинската кожа“ и „Животните не се ткаенина“, но воопшто не и пречеа на прославената дизајнерка.