Таа мисли дека само особено надарен маж може на жената да и пружи максимално задоволство. Во заблуда е. Интензитетот на оргазмот не зависи од димензиите особено не од должината на машкиот полов орган, бидејќи најосетлив дел од женскиот полов орган се првите три сантиметри (вклучувајќи ја и фамозната Г-точка). Ќе признаете дека тоа е прилично ограничен простор.
Таа мисли дека тој најмногу ужива во мисионерската поза. Точно! Кога водите љубов во таа положба, задниот ѕид на вагината го стимулира најосетливиот дел намашкиот полов орган.
Покрај тоа, тогаш мажот може да ја набљудува реакцијата на лицето на својата партнерка, што е уште повозбудливо.
Сепак, мисионерската поза не им се препорачува на мажи кои имаат проблем со прерана ејакулација. Доколку сакате да го продолжите времето на односот, заменете го местото со партнерката.
Таа мисли дека не ја сакате доколку веднаш по сексот заспиете. Секако, и тоа е заблуда. Овде не се работи за чувства туку за физиологија. По ејакулацијата, во крвотокот на сите мажи доаѓа до пад на нивото на супстанци кои се главни состојки на задоволството адреналинот. Тој врши стимулација за време на предиграта.
Истовремено, во крвта на мажот расте нивото на хормонот кој смирува, го поттикнува чувството на задоволство и предизвикува поспаност.
Значи тоа се главните виновници за сонот, а не тоа дека не ве сака партнерот. Секако ваквото однесување не им се допаѓа на оние жени кои по сексуалниот однос имаат потреба за дополнителна нежност, особено со партнерот кој тукушто го запознале.
Ако мислите дека само жените се тие кои што се многу сомничави кога е сексот во прашање, се лажете…