Потребно е:
600 гр мешано мелено месо
500 гр компири
1-2 глави кромид
1 морков
сув билен зачин
сол, бибер, зачини по желба
4дл млеко
200 мл кисела павлака
2 јајца
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Динстајте ги меленото месо и морковите, а кон крајот додадете суви билки, бибер и мелена пиперка. Изрендајте ги компирите и ставете ги на дното на садот за печење. Врз компирот ставете го динстаното мелено месо, па наредете го остатокот од компирот. Со миксер се матат павлаката и јајцата и се додава бибер. Смесата прелијте ја врз мусаката и печете околу половина час во рерна загреана на 200 степени.