Внимавајте: Ова се двата хороскопски знаци кои најмногу ги изневеруваат своите партнери

popara22 јули, 20241min00

Откриено е и кој од знаците е најверен.

Најпопуларната британска веб-страница за онлајн состаноци, IllicitEncounters, ги анализирала податоците на своите оженети членови и открила дека Вагите најмногу ги изневеруваат своите партнери, а 16 отсто од сите прељубници се од овој хороскопски знак. Блиску до Вагите се Близнаците со две лица со 14 отсто, потоа Јарците со 12 отсто, додека Шкорпијата се чини дека е најверниот знак на зодијакот, пишува  Daily Mail.

Жените Ваги во оваа студија најмногу ја објаснуваат својата потреба за вонбрачни врски со „потребата за повеќе секс“ и „потрага по разновидност“, додека Близнаците се чини дека се плашат од приврзаност. За разлика од нив, Шкорпиите се покажаа како „страсни и упорни“, а изневеруваат многу ретко, кога мислат дека врската нема иднина. Експертот за врски и секс Џесика Леони опиша како се чувствуваат хороскопските знаци за изневерувањето:

Вага: Не е ни чудо што Вагите се најневерни бидејќи воздушните знаци се многу љубовни и се поврзуваат со повеќе луѓе. Ако една Вага е во брак со некој кој не е секогаш достапен да биде со неа, сосема е природно дека таа ќе бара на друго место потврда, внимание и дружење.

Близнаци: Сакаат авантура и брзо им здосадува, што значи дека е помала веројатноста да се посветат на само една личност. Воздушниот знак е флексибилен и слободоумен, а често му е тешко да му биде лојален на еден партнер, дури и ако е заљубен. Тие се познати по тоа што имаат две, често контрадикторни личности и иако сакаат дружење, посветеноста ги ужаснува.

Јарец: Иако се реални и се склони внимателно да ги разгледуваат сите нивни одлуки, тие можат да се вклучат во афери за да се извлечат од стресното секојдневие. Иако разумни, Јарците се исто така многу амбициозни и познати како работохоличари, а аферата може да послужи само како пауза од нивните секојдневни обврски.

Бик: Биковите се многу љубители на флертувањето и постојано бараат некое дополнително задоволство и убави работи во животот. Бикот може дури и да помисли дека имаат право на афера затоа што на тој начин ќе ја задоволат потребата од она што брачниот другар не им го обезбедува дома.

Рак: Ракот е многу грижлив кога е во врска и е многу заштитнички настроен кон партнерот, но недостатокот на поддршка од партнерот може да ги наведе да бараат утеха на друго место. Инаку, тој е многу мирен, приврзан и сака да се грижи за другите и навистина цени кога некој се грижи за него. Најчесто ќе почне да бара афера доколку почувствува дека партнерот не го цени.

Лав: Познати се по својата амбиција и потреба од моќ и авторитет дури и кога се во врска, а бараат партнери кои ќе ги поддржат и ќе им помогнат да ги постигнат своите цели. Лавовите кои изневеруваат веројатно планираат сè внимателно за да не бидат фатени.

Девица: Девиците се лојални романтичари на кои можете да се потпрете и сакаат да бидат во врска, но им треба и „соло“ време. Девиците веројатно ќе изневеруваат кога врската не им оди како што очекувале бидејќи се идеалисти и ќе го земаат тоа премногу при срце.

Риби: Тие се нежни и посветени партнери, но може да им биде тешко ако нивните партнери не ги разбираат нивните чувства. Кога навистина го изневеруваат партнерот, веројатно тоа не го планирале или иницирале. Тие се природно срамежливи, така што тие се со поголема веројатност да бидат верни.

Овен: Авантуристички и наметлив Овенот сака да биде главен во врската и има тенденција да се заљубува спонтано. Иако е помала веројатноста да изневерува, кога ќе почувствува дека партнерот физички и емоционално не може да биде во чекор со него, исто така е можно. Тој е неверен обично поради фрустрација што неговиот сопружник не може да ги исполни неговите очекувања.

Стрелец: Стрелците се независни и многу искрени, па нема да бараат афера дури и ако се несреќни, туку едноставно ќе ја прекинат врската. Стрелецот е познат и по тоа што е забавен, оптимист и разигран. Иако секогаш бара авантура, поверојатно е дека навреме ќе раскине со некој со кој не е задоволен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma